izrael palestina vojna

10.10.2023 Скопје

Висок функционер на палестинската милитантна група Муса Абу Марзук изјави дека Хамас е отворен за разговори за можно примирје со Израел, бидејќи ги „постигна своите цели“.

Тој изјави дека Хамас е отворен за „сите политички дијалози“, како и на прашањето дали групата е подготвена да разговара за можен прекин на огнот.

Марзук додаде дека Хамас заробил „десетици“ израелски граѓани, вклучувајќи ги и оние со руско или кинеско државјанство.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел штотуку започнал офанзива против Појасот Газа, што е одговор на нападот на палестинската милитантна група Хамас врз неговата земја.

„Ние штотуку ги започнавме нападите против Хамас. Она што ќе им го направиме на нашите непријатели во наредните денови ќе го паметат генерациите“, рече Нетанјаху во обраќањето до нацијата, додавајќи дека сите територии каде што дејствува Хамас „ќе се претворат во урнатини“.

Тој изјави дека злосторствата извршени од Хамас не се видени уште од Исламската држава.

„Отсекогаш знаевме што е Хамас. Сега и светот знае. Хамас е ИСИС“, рече Нетанјаху, додавајќи дека одреден број терористи се уште се на територијата на Израел.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author