13.10.2023 Скопје
Лидерот на Хамас рече дека предупредувањето на Израел за Газа е „лажна пропаганда“ и ги повика граѓаните да не наседнуваат на тоа.
Портпаролот на израелските одбранбени сили Џонатан Конрикус прочита соопштение во кое армијата ги повика жителите на северна Газа да ја напуштат областа и им дала инструкции за тоа.
„Терористичката организација Хамас започна војна против Израел и Газа е област каде што се водат воени операции. Оваа евакуација е за ваша безбедност. Ќе можете да се вратите во Газа дури откако ќе биде објавено дека тоа е дозволено”, армијата се вели во соопштението.
Жителите се предупредуваат да не се приближуваат до областа каде што е безбедносната ограда со Израел и се информирани дека „терористите на Хамас се кријат во Газа, во тунели, под куќи и во згради каде живеат невини цивили и ги користат како жив штит“.
Подготвено од А.Ѓ.