27.10.2023 Скопје
Палестинската милитантна група Хамас, која ја контролира Газа, не може да ги ослободи заложниците заробени за време на упадот во јужен Израел на 7 октомври додека не се договори прекин на огнот.
Абу Хамид изјави дека на Хамас му треба време да ги лоцира сите луѓе киднапирани од палестинските фракции во Израел и одведени во Газа на 7 октомври.
„Тие зедоа неколку десетици луѓе, повеќето цивили, и ни треба време да ги најдеме во Појасот Газа, а потоа да ги ослободиме“, рече Хамид.
Тој додаде дека е потребна „мирна средина“ за да се исполни таа задача.
Хамас во четвртокот соопшти дека околу 50 заложници биле убиени за време на израелските воздушни напади врз Појасот Газа.
Израел претходно апелираше до Русија да ја протера делегацијата на Хамас од земјата, опишувајќи го повикот делегацијата да дојде во Москва како „за жалење“.
Подготвено од М.Д.