palestina zname

17.10.2023 Скопје

Хамас бара ослободување на „6.000 мажи и жени затворени во израелските затвори“ во замена за заложниците што ги зеде за време на своите напади.

Ова барање го има поставено шефот на канцеларијата за дијаспора на Хамас, Калед Мешал.

„Меѓу заробениците на групата се и високи офицери на израелските одбранбени сили, ИДФ“, истакна Мешал.

Веста доаѓа кога Турција вели дека разговара со Хамас за ослободување на цивилните затвореници кои ги држи Хамас. Хакан Фидан, турскиот министер за надворешни работи, разговараше со лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, во понеделникот, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата.

Мешал му се заблагодарил на Хезболах за „преземањето чекори“, веројатно мислејќи на нападите во северен Израел од Либан, но „мора да направи повеќе“.

Тој, исто така, предупреди дека раселувањето на Палестинците во Газа „ќе им наштети на националните безбедносни интереси на Египет, Јордан и Арапите“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author