30.10.2023 Скопје
Речиси 100.000 вработени во Лидл во Германија наскоро треба да добијат компензација за инфлација, објави компанијата.
Оваа награда која треба да изнесува околу 500 евра месечно за постојано вработени, е токму поврзана со 50-годишнината од постоењето на компанијата.
По 150 евра ќе добијат оние кои се вонредно вработени и студенти.
Инаку, во Германија ваквите премии се ослободени од данок и социјално осигурување согласно прописите.
Лидл во Германија е отворен во 1973 година во Лудвигсхафен.
Компанијата денес има повеќе од 3.200 филијали и околу 93.000 вработени во Германија, а од 2009 година е активна во онлајн малопродажбата и нуди и услуги за преместување.
Подготвено од А.Ѓ.