elektrichni avtomobili

19.10.2023 Скопје

Литиум-јонските батерии за електричните автомобили значително напреднаа и станаа многу повеќе енергетски густи, но вистински супербатерии ни се најавуваат долго време.

Германските научници од Bonn High Performance Battery (H.P.B.) сега велат дека нивната батерија со цврст електролит е подготвена за масовно производство.

Батеријата ќе може да се користи за електрични автомобили, како и за домашно складирање на електрична енергија. Се вели дека новата батерија со цврста состојба е способна за 10 пати повеќе циклуси на полнење од споредливата литиум-јонска батерија.

Друга предност е тоа што батеријата е незапалива и побезбедна. Како тоа да не е доволно, се претпоставува дека батеријата е 50 проценти поеколошка за време на производството. Покрај тоа, батеријата треба да работи подобро при ладни и екстремно топли услови.

Единствената негативна карактеристика е прекумерната маса, па ќе видиме колку всушност би се користела во автомобилите… Во своето соопштение за медиумите, H.P.B. наведува дека ќе лиценцира производство на батерии и дека се планираат неколку фабрики.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author