19.10.2023 Скопје
Челниците на Асвел размислуваат да ја прекинат соработката со селекторот Ти Џеј Паркер, а го ставија „на нишан“ селекторот на германската репрезентација Гордон Херберт. Кошаркарскиот сојуз на таа земја нема да дозволи стратегот кој ја предводеше репрезентацијата на светскиот трон да има два ангажмани.
Паркер е „на жешкото столче“ поради разочарувачкиот старт на сезоната. Асвел беше поразен од Црвена Звезда, Партизан и Ефес во Евролигата.
Затоа челниците на тимот од Вилербан размислувале да ја прекинат соработката со Паркер, а главен избор за нов тренер во тој случај е Херберт.
КС Германија нема да дозволи својот тренер да го тренира Асвел се додека има важечки договор со „Панцерите“, кој е до 2025 година и на овој начин го спречуваат по 15 години повторно да води тим во Евролигата.
За ова нема поголеми пречки во распоредот, имајќи предвид дека во февруари ќе се игра само еден прозорец на ФИБА во сезоната, но челниците на КСН бараат целосна посветеност на нивниот тренер пред Олимписките игри во Париз следното лето.
Во моментов како селектори се вклучени и тројца тренери од Евролигата – Казис Максвитис (Жалгирис, Литванија), Лука Банки (Виртус, Латвија) и Ергин Атаман (Панатинаикос, Турција). До ова лето Димитрис Итудис и Серџо Скариоло седеа „на две столчиња“.
Подготвено од М.Д.