evropa mapa

30.10.2023 Скопје

Министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус, оцени дека постои опасност од војна во Европа и посочи дека Германија „мора да може да се одбрани“.

Писториус изјави дека конфликтот на Блискиот Исток и конфликтот меѓу Русија и Украина ќе имаат последици во германското општество.

„Мора да се навикнеме на идејата дека може да има опасност од војна во Европа“, изјави германскиот министер за одбрана.

Писториус рече дека Германија истовремено ќе направи се за да спречи понатамошна ескалација во блискоисточниот конфликт.

Зборувајќи за состојбите во Бундесверот, германскиот министер изјави дека не само што е создаден посебен фонд вреден 100 милијарди евра, туку се сменети и структурите.

Според Писториус, Бундесверот долго време е запоставен, но до крајот на деценијата ќе биде во сосема поинаква позиција.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author