03.10.2023 Скопје
Сашко Георгиев, претседателот на Судскиот совет, го повика министерот за финансии Фатмир Бисими да одобри пари за исплата на додатоците на судските службеници и администрација, бидејќи во спротивно судовите ќе се блокираат затоа што за нивната работа се клучни судските службеници.
Георгиев додаде дека Судскиот буџетски совет вчера не донесе одлука да се обезбедат пари за исплата на додатоците на плата, затоа што немаат средства за исплата.
Тој, исто така, истакна дека проблемот со финансиската зависност на судската власт од извршната е децениски проблем и се одразува во секој сегмент од работењето на судовите.
Подготвено од А.Ѓ.