27.10.2023 Скопје
Четворица работници во јапонската нуклеарна централа Фукушима биле испрскани со вода што содржела радиоактивен материјал, а двајца превентивно биле префрлени во болница.
Пет работници ги чистеле цевките во системот за филтрирање на отпадната вода што се испушта во морето, но дошло до инцидент кога се скршило цревото.
Инцидентот се случи во средата и ги илустрира опасностите со кои се уште се соочува Јапонија во процесот на затворање на фабриката.
Реакторот Фукушима беше погоден од разорно цунами во 2011 година, најлошата нуклеарна катастрофа во светот од Чернобил во 1986 година.
Подготвено од А.Ѓ.