francijaaa

13.10.2023 Скопје

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин ги забрани сите пропалестински демонстрации во земјата.

Дарманин изјави дека сите странски државјани кои ќе ја прекршат забраната ќе бидат „систематски“ депортирани.

Францускиот министер за внатрешни работи им порача на регионалните власти дека еврејските училишта и синагогите треба да бидат заштитени со видливо полициско присуство.

Забраната за пропалестински демонстрации во Франција беше објавена поради стравувањата на европските земји поради порастот на антисемитизмот предизвикан од конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Подготвено од Д.Ц.

About Author