https://twitter.com/vonderleyen/status/1582635443073318912/photo/1

16.10.2023 Скопје

„За оние кои сакаат да одат напред и да ја подобрат економијата, нашите врати се отворени“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за новинарите пред почетокот на самитот.

Фон дер Лајен изјави дека една од темите на разговор на самитот на Берлинскиот процес во Тирана ќе биде економијата на Западен Балкан, кој треба да спроведе реформи за поблиску да соработува со Европската Унија.

„Претставив план за раст кој вклучува пристап на земјите од Западен Балкан до единствениот пазар на ЕУ, но за такво нешто потребни се реформи, а оние кои се подготвени да ги спроведат ќе добијат и пристап до Инвестицискиот фонд на ЕУ“, рече Фон дер Лајен.

Исто така, таа истакна дека фактот што Берлинскиот процес се одржува за прв пат во земја од Западен Балкан испраќа „моќна порака“ за тоа колку ЕУ е посветена на проширувањето.

Подготвено од Д.Ц.

About Author