09.10.2023 Скопје
Главните индекси утринава паднаа на европските берзи додека инвеститорите го проценуваа влијанието на геополитичките потреси на Блискиот Исток откако палестинската милитантна група Хамас во саботата изврши голем напад врз Израел.
Паневропскиот индекс Stoxx 600 околу 9:30 часот беше во минус од 0,35 отсто, а најмногу паднаа цените на акциите на хемиските и туристичките компании, во просек по 1,5 отсто. Сепак, цените на нафтата и гасот скокнаа за 2,2% на крилата на растот на цената на суровата нафта.
Истовремено, франкфуртски DAX потона за 0,82%, на 15.106 поени, париски CAC за 0,83%, на 7.001 поен, а лондонски Ftse за 0,08%, на 7.488 поени.
Во конфликтот меѓу милитантите на Хамас и израелските сили, кој започна во саботата, досега загинаа неколку стотици луѓе. Како резултат на тоа, цената на нафтата скокна за 4% преку ноќ, а фјучерсите во САД паднаа бидејќи насилството го зголеми геополитичкиот ризик на и онака кревките пазари, кои се справуваат со тврдоглавата инфлација и зголемените каматни стапки.
Меѓу најголемите губитници беа акциите на авиокомпаниите, вклучително и големите IAG, сопственик на British Airways, Air France, KLM и Lufthansa, кои паднаа меѓу 2,7 и 4,8% поради загриженоста за високите трошоци за гориво. Сепак, цените на европските одбранбени компании, како што е германскиот Рајнметал, пораснаа за 7,2%, поради изгледите дека конфликтот на Блискиот Исток би можел да трае извесно време.
Подготвено од М.Д.