indeksi ekonomija

12.10.2023 Скопје

Европските берзански индекси денес генерално растат, како и американските индекси.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 10:10 часот порасна на 15.505,95 поени, францускиот CAC 40 на 7.145,73 поени, а лондонски FTSE 100 на 7.656,09 поени.

Московскиот MOEX падна на 3.158,16 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс се искачи на 33.804,87 поени пред денешното отворање на берзата во САД, како и вредноста на индексот S&P 500 – на 4.376,95 поени, а исто така и вредноста на индексот Nasdaq – на 13.659,68 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта порасна на 84.150 долари за барел, како и цената на нафтата од типот брент, на 86.427 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа денеска на отворањето на берзата ТТФ по цена од 45.500 евра за мегават-час.

Цената на златото се искачи на 1.879,38 долари за унца, додека цената на пченицата скокна на 5,6046 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,06217, што е приближно исто како и вчера.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author