12.10.2023 Скопје
Европската инвестициска банка (ЕИБ) денеска објави дека ќе му позајми на Мароко една милијарда евра во следните три години за поддршка на обновата на северноафриканската земја по земјотресот во септември.
Заемот го објави потпретседателот на ЕИБ, Рикардо Мурињо Феликс, по средбата со мароканскиот министер за финансии Фузи Лекја во Маракеш, на маргините на годишните состаноци на ММФ и Светската банка.
Во земјотресот, кој го погоди Мароко на 8 септември, загинаа речиси 3.000 луѓе, а оштетени се 60.000 домови, главно во планините Високиот Атлас.
Мароко планира да потроши 12 милијарди долари на план за реконструкција по земјотресот кој вклучува надградба на инфраструктурата во следните пет години.
Подготвено од А.Ѓ.