21.10.2023 Скопје
И додека војната беснее на Блискиот Исток, светот, а особено Европа, се плаши од прелевање на конфликтот на други територии и од терористички напади.
Стариот континент и претходно беше погоден од екстремисти поради конфликтот на Блискиот Исток, па дури и сега некои земји се погодени од напади.
Поради оваа причина, многу европски земји веќе воведуваат драстични мерки, кои го загрозуваат Шенген, а ја изнесуваат и армијата на улица.
Осум дена откако Хамас започна ненадејниот напад врз Израел на 7 октомври, 71-годишен маж во Чикаго избоде шестгодишно момче и сериозно ја рани неговата мајка, велејќи дека тоа го сторил поради нивното палестинско потекло како одговор на војна меѓу Израел и Хамас.
Момчето било избодено 26 пати со голем нож, а жената имала десетици убоди по телото.
Слично се случило и во Европа… Имено, исламистички екстремист упаднал во училиште на северот на Франција и го убил професорот Доминик Бернар, а повредил три лица.
По тој напад и поради ризикот од влијанието на војната меѓу Израел и Хамас, Франција го подигна нивото на подготвеност за напад и распореди 7.000 војници низ целата земја.
Неколку дена подоцна, трагедијата го зацрни и Брисел, кога член на терористичката група Абдесалам Ласуед уби двајца шведски државјани, неколку часа пред почетокот на квалификацискиот натпревар за „Евро 2024“ меѓу Белгија и Шведска.
Во престрелката е ранет таксистот, но неговиот живот не е во животна опасност. Утрото по нападот, полицијата го убила напаѓачот во кафуле.
Еден ден по нападот во Брисел, 11 француски аеродроми беа евакуирани поради предупредување за бомба, низ кој пред неколку дена поминаа палатата Версај и Лувр.
Имено, аеродромите во Бордо, Лион, Рен, Лил, Тулуз, Париз Бове, Ница, Стразбур, Бијариц, Пау и Нант добиле закани преку електронска пошта и почнале да ги евакуираат посетителите и персоналот.
Поради сите овие обиди за напади и стравот од поголема ескалација на конфликтот, некои европски земји го суспендираа Шенген на граничните премини.
Австрија на границата со Чешка, Германија на границата со Чешка, Полска и Швајцарија, Италија на границата со Словенија и Словенија на границата со Хрватска и Унгарија.
Австрија исто така донесе голем број војници на улиците на Виена во страв од терористички напади.
Според Шенген, земјите-членки на ЕУ можат привремено да воведат гранични контроли на нивните граници во случај на сериозна закана за јавната политика или внатрешната безбедност, а токму тоа се случува сега.
Словенечката влада одлучи од оваа сабота да воведе надзор на границите со Хрватска, а суспензијата на Шенген на границите со Хрватска и Унгарија ќе трае најмалку 10 дена.
Боштјан Поклукар, министер за внатрешни работи на Словенија, објасни дека се работи за предлог за привремена мерка поради зголеменото ниво на проценка на терористичката закана во земјите од Европската унија.
Италија ја извести Словенија дека првично ќе воведе гранични контроли за 10 дена со можност за продолжување. Матео Пјантедоси, италијанскиот министер за внатрешни работи, изјави дека основата на воведувањето на оваа привремена мерка е спречување на тероризмот и организираниот криминал.
Подготвено од А.Ѓ.