stari lugje

13.10.2023 Скопје

Светската здравствена организација предупредува дека следната година во Европа ќе има повеќе луѓе над 65 години отколку помлади од 15 години.

Според проекциите на институтот „Нашиот свет според податоци“, на глобално ниво ваква ситуација најверојатно ќе се случи околу 2064 година.

Според Светската здравствена организација, зголемениот животен веќ често оди рака под рака со нарушено здравје.

Светската здравствена организација ги повикува властите да преземат мерки за да им овозможат на постарите луѓе да го зачуваат и подобрат своето физичко и ментално здравје, независност, социјална благосостојба и квалитет на живот.

Меѓу препорачаните мерки се издвојуваат урамнотежена исхрана и физичка активност од најмалку 150 минути неделно.

Дури и поинтензивната физичка активност може да го намали ризикот од смртност за 35 проценти, според СЗО.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author