02.10.2023 Скопје
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција веќе не очекува ништо од Брисел, бидејќи веќе со децении чека да стане членка на ЕУ.
Во говорот во парламентот, турскиот претседател Ердоган истакна дека ги имаат одржано сите ветувања што и ги имаат дадено на ЕУ, „но тие не исполнија речиси ниту едно од нив“.
Тој посочи дека Анкара веќе не очекува ништо од ЕУ, која ја остави Турција да чека на нејзината врата цели 60 години.
„Тие во Брисел ќе ги поправат своите грешки ако се откажат од својот нефер пристап кон Турција, особено кога станува збор за издавање визи за турските граѓани. Ако не го сторат тоа, целосно ќе го изгубат правото да очекуваат нешто од нас“, рече Ердоган.
Турција во последните месеци се пожали дека на сè поголем број нејзини граѓани им се одбиваат барањата за шенген виза, иако ЕУ негираше дека им создава дополнителни пречки за Турците. Во својот говор, Ердоган рече дека одбивањето на визите претставува „тајни санкции од Брисел против нас“.
Турција, чии територии се претежно во Азија, со децении се обидува да стане членка на ЕУ. Таа официјално аплицираше за членство во 1987 година и беше призната како кандидат во 1999 година, што е спротивно на законите на ЕУ.
На почетокот на овој месец, Европскиот парламент го одобри извештајот со кој се осудува Турција за ограничување на „фундаменталните слободи, човековите права и граѓанските слободи, како и за нејзините дејствија против меѓународното право и добрососедските односи“.
Подготвено од А.Ѓ.