https://www.facebook.com/photo?fbid=859630955531959&set=pcb.859631172198604

26.10.2023 Скопје

За време на телефонскиот разговор со папата Франциск, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека израелските напади врз Појасот Газа „достигнаа ниво на масакр“, а молкот на меѓународната заедница е „срам за човештвото“.

Според соопштението на кабинетот на турскиот претседател објавено на социјалната мрежа Икс (Твитер), Ердоган за време на разговорот со папата, на кој тема била војната меѓу Израел и Хамас, рекол дека сите треба да ги поддржат напорите за на невините цивили во Газа без прекин да им се испорачува помош.

Ердоган повтори дека ставот на Турција е дека трајно решение на овој конфликт може да се постигне само преку формирање на независна палестинска држава.

Претседателот на Турција, земја која неодамна ги обнови врските со Израел, ги критикуваше воените акции на Израел во Појасот Газа и вчера го опиша Хамас како група која се бори за ослободување, а не како терористичка организација како што гледа Западот.

Ердоган рече и дека ги одложил плановите за посета на Израел.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author