24.10.2023 Скопје
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го потпиша протоколот за прием на Шведска во НАТО и го испраќа на ратификација до турскиот парламент.
Турција, заедно со Унгарија, беше единствената земја што не го ратификуваше влезот на оваа скандинавска земја во воениот сојуз.
Турција се согласи да и дозволи на Шведска да влезе во НАТО по разговорите зад затворени врати меѓу шефот на НАТО, Јенс Столтенберг и лидерите на двете земји пред самитот на НАТО во Литванија.
„Завршувањето на приемот на Шведска во НАТО е историски чекор што ќе придонесе за безбедноста на сите сојузници на НАТО во овој критичен момент“, рече Столтенберг во јули во Вилнус.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави дека во договор со американскиот Конгрес ќе започне со трансфер на борбени авиони Ф-16 во Турција, што се чинеше дека е компромис за зелено светло на Анкара за членство на Шведска во НАТО.
Подготвено од М.Д.