16.10.2023 Скопје
Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси во Каиро во разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека реакцијата на Израел на нападот на Хамас ја надминува самоодбраната и претставува колективно казнување на палестинскиот народ.
Сиси рече дека го осудува секој напад на цивили во тековниот конфликт меѓу Израел и Хамас.
Додека Блинкен е во Каиро како дел од регионалната турнеја, египетското претседателство објави дека Египет ги има засилено дипломатските напори за олеснување на испораката на помош за Газа и деескалација на конфликтот.
Во Египет се трупа помош од неколку земји на Синајскиот полуостров по неуспехот да се постигне договор за да се овозможи безбедно доставување помош во Газа и евакуација на странци во Египет преку преминот Рафах.
Поради израелското бомбардирање на преминот Рафа од страната на Газа, тој премин не работи.
Во соопштението од кабинетот на египетскиот претседател, објавено по состанокот на Советот за национална безбедност, се наведува дека Египет отфрла каков било план за раселување на Палестинците „на штета на другите земји“ и дека безбедноста на сопствената Египет е црвена линија.
Подготвено од А.Ѓ.