evropska centralna banka

27.10.2023 Скопје

Европската централна банка (ЕЦБ) одлучи да ги задржи трите клучни каматни стапки непроменети, по десет последователни зголемувања во текот на претходните месеци.

Каматните стапки на операциите за главно рефинансирање, на маргиналната кредитна линија и на депозитната линија ќе останат непроменети на ниво од 4,50 отсто, 4,75 отсто и 4 отсто.

Инфлацијата и натаму се очекува да остане премногу висока долго време, а домашните ценовни притисоци остануваат силни, соопшти ЕЦБ.

Во исто време, инфлацијата значително се намали во септември.

Управниот совет на ЕЦБ е решен да обезбеди инфлацијата навремено да се врати на својата среднорочна цел од два проценти и, врз основа на нејзината сегашна проценка, смета дека клучните каматни стапки на ЕЦБ се на нивоа кои, доколку се одржат доволно долго, ќе даде значаен придонес кон таа цел.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author