dinamo klub 123

04.10.2023 Скопје

Во апелот на ФК Динамо упатен до навивачите на овој клуб се наведува дека упатуваат барање и апелираат до навивачите на Динамо да не патуваат во Приштина.

Динамо во четврток го игра натпреварот од второто коло од Конференциската лига на гостувањето кај Балкани, но на гостинските навивачи им е забрането да присуствуваат на стадионот „Фадил Вокри“.

„Контрола на лична карта ќе се врши на влезот на стадионот. На стадионот нема да им биде дозволен влез на лица со хрватски документи. На луѓето кои ќе бидат спречени да влезат на стадионот нема да им бидат вратени парите за купените билети. Поради оваа причина, упатуваме барање и апел до навивачите на Динамо да ги почитуваат правилата, да ја почитуваат донесената одлука и да не патуваат во Приштина“, велат меѓу другото од Динамо.

Клубот ја нагласува својата посветеност на безбедна и позитивна средина и им се заблагодарува на сите свои навивачи за разбирањето и поддршката.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author