31.10.2023 Скопје
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека дијалогот е единствениот начин да се оди напред.
Таа на заедничката конференција со претседателката на приштинските институции, Вјоса Османи, рече дека има нов инвестициски план кој функционира многу добро.
„Ако работи за земјите-членки на ЕУ, ќе работи и за земјите од Западен Балкан. Овој план има потенцијал да ги удвои вашите приходи во рок од една деценија. Сите овие успеси може да се постигнат само ако Косово и Србија ги нормализираат своите односи. Косово мора да прифати планот за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство, додека Србија мора да го прифати де факто признавањето на Косово. Тоа е единствениот начин за напредок“, рече таа.
На новинарско прашање за укинување на мерките воведени во Приштина, таа рече дека тоа зависи од формирањето на ЗСО.
„Деескалацијата бара двете страни да бидат подготвени за тоа“, рече фон дер Лајен.
Подготвено од А.Ѓ.