sednica ON

23.10.2023 Скопје

Во Њујорк денеска ќе се одржи седница на Советот за безбедност на ОН на која ќе се расправа за извештајот за работата на Мисијата на ОН на Косово и Метохија.

Србија ја претставува премиерката Ана Брнабиќ, а Приштина претседателката Вјоса Османи.

Шефот на УНМИК, Каролин Зиаде, се очекува да ги истакне клучните политички и безбедносни настани на Косово и Метохија, за периодот од 19 март до 18 септември.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, постојано ги повикува сите страни да се воздржат од унилатерални дејства кои би можеле да доведат до зголемени тензии и дополнителна ескалација.

Подготвено од Д.Ц.

About Author