https://www.instagram.com/p/Cgtsrk-Mi57/

24.10.2023 Скопје

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, во српското Собрание изјави дека политиката на српскиот државен врв во однос на Косово и Метохија е јасна и дека нема ниту признавање на независноста на самопрогласеното Косово, ниту ќе влезе во ОН.

„Сакам да го отфрлам секое тврдење дека ова раководство на Србија презело нешто под националните и државните интереси. Нашата политика е јасна и цврста, што значи дека нема признавање на независноста на Косово, ниту влез во ОН, бидејќи тоа би значело дека тие се признати како државни“, рече Дачиќ како одговор на пратениците.

Дачиќ рече дека тоа го повторил поради разни манипулации и толкувања околу тоа. Министерот посочи дека Србија ќе го спроведува само она што е во согласност со државната политика.

„И јас сум личен сведок на се што се случи во 2012 година. Потоа преговорите и дијалогот беа префрлени во Брисел. Договорот од Брисел беше потпишан со добра волја за Србите да имаат свои институции во Република Косово. од друга страна некој што го води дијалогот, кој би требало да биде кредибилен партнер, а тоа е ЕУ, тогаш учествувате во него или не, и благодарение на Бриселскиот договор Србија доби отворање на преговорите за членство во ЕУ“, истакна Дачиќ.

Тој потсети дека 28 земји го повлекле признавањето на самопрогласено Косово, додавајќи дека денес немаат 84 гласа во ОН, а дека пред 10 години таа бројка била околу 110.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author