crnogorski minister za ekonomija ostavka

19.10.2023 Скопје

Горан Ѓуровиќ, министерот за економски развој и туризам на Црна Гора, соопшти дека поднел оставка од таа функција и дека го известил Дритан Абазовиќ, премиерот во техничкиот мандат.

„Денеска на премиерот Дритан Абазовиќ му поднесов оставка од функцијата министер за МЕРТ од чисто лични причини кои немаат врска со владината политика и политичките настани“, напиша тој на платформата „Х“.

Тој истакна дека е благодарен на Абазовиќ за довербата, а на колегите за коректната соработка.

„Голема благодарност и до стопанството“, напиша Ѓуровиќ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author