pakistan uvoz nafta od rusija

24.10.2023 Скопје

Цената на нафтата на светскиот пазар денеска е во пораст бидејќи инвеститорите стравуваат дека конфликтот меѓу Израел и палестинската исламистичка организација Хамас може да се прошири во регионот, што веројатно ќе доведе до прекин на снабдувањето.

Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море порасна за 50 центи и сега изнесува 90,33 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта порасна за 46 центи на 85,95 долари за барел.

„Пазарот сè уште се прилагодува на претходниот пад на цените и реагира на стравувањата од можни прекини во испораките од Блискиот Исток“, вели Јуки Такашима, пазарен аналитичар од Nomura Securities.

Цените на двата вида нафта вчера паднаа за повеќе од два отсто. Вчера Хамас објави дека се ослободени две Израелки кои беа заробени заедно со повеќе од 200 заложници откако милитантите го нападнаа јужен Израел на 7 октомври.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author