sneg vo mavrovo

10.10.2023 Скопје

Најголем потенцијал за врнежи од снег ќе има над и околу алпскиот регион, кон повисоките надморски височини на југоисточна Европа и секако над северозападните делови на Скандинавија.

Метеоролошката служба Severe Weather Europe ја објави својата прогноза за зимата, на која, како што велат, ќе влијае Ел Нино.

Тие пишуваат дека најголем потенцијал за врнежи од снег ќе има над и околу алпската област, кон повисоките надморски височини на Југоисточна Европа и секако над северозападните делови на Скандинавија.

Тие нагласуваат дека и да се 100 отсто прецизни моделите, тоа не значи дека ваквите временски услови ќе траат три месеци по ред. Тие само сугерираат како би можеле да изгледаат временските шеми најчесто.

„Моделот ECMWF често се нарекува најсигурен. Но, ниту една долгорочна прогноза не може да се нарече „сигурна“. Тоа е затоа што ги разгледуваме само трендовите и како временските обрасци може да еволуираат во долг временски период“, велат тие.

Според овој модел, се прогнозираат помалку снежни врнежи од просекот, освен за делови од централна Европа и Скандинавија. Во декември, тие ги предвидуваат само на крајниот север на континентот.

Затоа во јануари се очекуваат врнежи од снег во повеќето земји во централниот дел на Европа.

Февруари бележи уште поголем напредок, а снег може да има во поголемиот дел од континентот, освен на југозапад и југ.

Друг модел на УКМО управуван од Метеоролошката канцеларија на Обединетото Кралство дава слични предвидувања.

Претходно, Severe-Weather најави дека зимата во Европа веројатно би можела да биде потопла од просекот со студени периоди во средината и крајот на зимата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author