20.10.2023 Скопје
Бурата Бабет стигна до бреговите на Англија, Шкотска и Северна Ирска, а за крајбрежните области на тие земји вчеравечер имаше предупредувања за тешки временски услови.
На некои места биле издадени предупредувања опасни по живот, а во градот Бречин во Шкотска на жителите им било кажано да се евакуираат.
Вкупно, повеќе од 400 домови беа евакуирани поради очекуваните поплави, а повеќе од 4.000 згради останаа без електрична енергија поради силните бранови на невреме.
Метеоролошката канцеларија во Велика Британија издаде црвено предупредување за делови од Шкотска бидејќи и денеска се очекуваат обилни врнежи, како и можност за големи поплави опасни по живот, а последен црвен метео аларм во Британија беше издаден пред три години.
Властите во другите северноевропски земји, исто така, се подготвуваат за бура што доаѓа од исток, а данските медиуми објавија дека регионот најверојатно ќе биде погоден од најголемите поплави во последните 110 години.
Подготвено од А.Ѓ.