26.10.2023 Скопје
Бугарија ќе ја користи новата технологија на американската компанија Вестингхаус Електрик, која се надева дека преку бугарскиот проект ќе влезе на пазарот на ЕУ.
„Бугарската влада почна со изградба на блок 7 во нуклеарната централа Козлодуј, со американска технологија која е единствена во Европа и со првични државни инвестиции од 250 милиони евра“, најави премиерот Николај Денков.
Бугарија ќе ја користи новата технологија на американската нуклеарна компанија „Вестингхаус електрик“, која очекува преку бугарскиот проект да влезе на пазарот на ЕУ.
Во моментов има само две нуклеарни централи кои користат технологија AP1000 во светот – едната е во Кина, а другата е во САД, додека Украина исто така изрази интерес.
„Државната компанија одговорна за проектот ќе има на располагање 250 милиони евра. Ќе започне преговори со компаниите кои треба да го градат седмиот блок од електраната. Рокот за завршување на проектот е 2033 година“, рече Денков.
Овој рок за електраната од 1.150 мегавати е преоптимистички и дека најверојатно ќе биде завршен до 2035 година.
Во исто време, бугарската влада ќе ги започне подготовките за изградба на 8-миот реактор на нуклеарната централа Козлодуј со користење на истата технологија АП1000. Според планот, паралелно треба да се работи на изградба на два нови блока, а вториот треба да заврши во рок од две до три години по првиот.
Денков ја дефинираше владината одлука како една од најважните што ќе ги донесе Владата за време на својот мандат. Бугарскиот претседател Румен Радев ја критикуваше владата за одлуката за нови нуклеарни постројки.
Подготвено од А.Ѓ.