17.10.2023 Скопје
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ во Тирана, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес, изјави дека на средбата се разговарало за ситуацијата на Косово и Метохија и настаните од 24 септември во Бањска, како и дека нема основни услови за живот на Србите и дека нивната позиција не е политичко, туку хуманитарно прашање.
На прашањето дали имало притисок врз неа во врска со настаните во Бањска, таа рече дека немало притисок, туку дека се разговарало за ситуацијата на Косово и Метохија.
Таа додаде дека разговарале и за дијалогот и за тоа што следува, како и за бриселскиот договор и за ЗСО и за минатогодишниот самит на Берлинскиот процес, кога Курти среде Берлин рече дека Бриселскиот договор за него не постои и посочи дека тогаш немало никаква реакција на тоа.
Брнабиќ рече дека потсетила на се што се случувало пред 24 септември во Бањска, дека Курти ја растурил мултиетничката полиција на северот на Косово.
Премиерката на Србија посочи дека за Србите не постојат основни услови за нормален живот и дека побарала за тоа да не се разговара како политичко туку хуманитарно прашање и да се обезбедат основни човекови права за Србите.
„Може ли некој да смета на тоа дека нема да биде пукано во нив и дека нема да завршат во затвор и дека нема да бидат тепани и малтретирани“, праша Брнабиќ.
Таа рече дека притворите траат во просек по 21 месец, дека тоа повеќе не е политичко, туку хуманитарно прашање и дека од мај 2.000 српски семејства го напуштиле Косово и Метохија.
Брнабиќ изјави дека вистинското прашање е што треба да направи Европа за да го промени тоа.
Подготвено од А.Ѓ.