braverman

04.10.2023 Скопје

Суела Браверман, министерка за внатрешни работи на Велика Британија, истакна дека трансродовите жените не треба да се лекуваат во истите одделенија и во истите безбедни простории како биолошките жени.

„Транс жените немаат место во женските одделенија или безбеден простор поврзан со биолошки жени. Министерот за здравство е апсолутно во право што појасни и јасно стави до знаење дека биолошките мажи не треба да се лекуваат во истите одделенија како биолошките жени“, додаде таа.

„Ова е за заштита на женското достоинство и безбедноста и приватноста на жените. Затоа, давам неверојатна поддршка и ја поздравувам денешната најава на министерот за здравство“, истакна Браверман.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author