27.10.2023 Скопје
Според податоците на веб-страницата World Population Review, оваа година Босна и Херцеговина е меѓу најмалку задолжените земји во светот по односот на долгот и бруто домашниот производ.
Имено, како што се наведува во овој податок, од вкупно 169 земји вклучени во истражувањето, БиХ е на 143-то место, а задолженоста изнесува 24,8 отсто од БДП.
Тоа значи дека, според оваа веб-страница, Босна и Херцеговина е петта најмалку задолжена земја во Европа.
Инаку, на оваа листа највисока задолженост има Јапонија, со 237 отсто од БДП, потоа Грција со 177 отсто, Либан 151 отсто, Италија 135 отсто од БДП и Сингапур 126, Зеленортските Острови 125, Португалија 117, Ангола 111 и Бутан 110 проценти.
Листата на 10 најзадолжени земји ја затвора Мозамбик со долг од 109 отсто од БДП.
Една од најголемите светски сили, САД должат 107 отсто од својот бруто домашен производ.
Според податоците на овој сајт, најмала задолженост има Брунеи со 2,4 отсто од БДП, потоа Кајманските Острови со 5,7 отсто, Авганистан со 7,1 отсто, Естонија со 8,4 отсто и Русија со 12,2 отсто.
Од земјите во регионот, Хрватска има најголема задолженост, 73,2 отсто од БДП, потоа Словенија со 66,1, Албанија 65,9, Црна Гора 62,27, Србија 52 и Северна Македонија 40,7 отсто од бруто домашниот производ.
Подготвено од А.Ѓ.