https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5a/Questions_and_Answers_with_EU_Foreign_Policy_Chief_Josep_Borrell_%2852359673274%29.jpg/800px-Questions_and_Answers_with_EU_Foreign_Policy_Chief_Josep_Borrell_%2852359673274%29.jpg

17.10.2023 Скопје

За време на посетата на поморската база рота во Кадиз, Шпанија, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека позицијата на Европската унија во израелскиот конфликт е „јасна“: „Израел има право да се брани, но оваа одбрана мора да се одвива во согласност со меѓународните закони, а особено со хуманитарните закони“.

Во врска со посетата на претседателот на САД, Џо Бајден, на Израел, Борел рече дека „тоа е апсолутно неопходно“.

„Побаравме од Израел да ги развие своите одбранбени активности во согласност со меѓународното право, да отвори хуманитарни коридори и да ги заштити цивилите, а сигурен сум дека тоа ќе биде и пораката што ќе ја пренесе претседателот на Соединетите држави“, подвлече високиот претставник на ЕУ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author