20.10.2023 Скопје
Палестинските власти објавија дека грчката православна црква Свети Порфириј, во која се сместени раселените Палестинци, била бомбардирана во Газа.
Генералниот директор на болницата Шифа Мухама Абу Селмија изјави дека десетици луѓе се повредени, но дека не може да го наведе точниот број на загинати бидејќи некои тела се уште се под урнатините.
Палестинските власти соопштија дека за експлозијата е одговорен израелски воздушен напад.
Грчката православна патријаршија во Ерусалим го осуди нападот и додаде дека „нема да се откаже од својата верска и хуманитарна должност“ да пружи помош.
Еден од преживеаните изјави дека израелската армија претходно не испратила предупредување.
Црквата Свети Порфириј се наоѓа во делот Ел Зајтун на стариот Појас Газа, а во VII век стана џамија, пред да биде изградена нова црква во 12 век за време на крстоносните војни.
Подготвено од А.Ѓ.