kompanii

06.10.2023 Скопје

Централната банка на Босна и Херцеговина соопшти дека до октомври во Босна и Херцеговина се блокирани 103.097 сметки на деловни субјекти, што е за 298 повеќе од почетокот на септември.

Според ажурираните податоци за блокирани сметки во Босна и Херцеговина, до 2 октомври најмалку една блокирана сметка имале 56.307 фирми, што е за 141 компанија повеќе во однос на податоците од септември.

И во овој месечен извештај за блокирани сметки во Регистарот на трансакциски сметки на Банката, кој содржи 4.153 страници, 18 повеќе од претходниот месец, наведени се правни лица од различни области – здруженија, агенции, општини, стопански претпријатија, задруги, спортски и здравствени организации и субјекти кои се занимаваат со услужна дејност.

Минатиот месец, односно на крајот на август биле блокирани 102.799 сметки на деловни субјекти, додека на 56.166 фирми им била блокирана најмалку една сметка.

Во првиот извештај на Централната банка објавен на почетокот на ноември 2012 година, бројот на блокирани сметки на деловните субјекти во БиХ изнесува 58.038, додека 35.694 фирми имале најмалку една блокирана банкарска сметка.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author