12.10.2023 Скопје
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во Израел, каде што се сретна со премиерот Бенјамин Нетанјаху.
„Тука сме, не одиме никаде“, рече Блинкен.
По пристигнувањето во Израел, американскиот државен секретар се огласи на социјалната мрежа Икс (Твитер), пишувајќи дека е во Израел за „едно да разјасни“.
„САД стојат покрај Израел и неговиот народ. Ние секогаш одлучно ќе се бориме против тероризмот“, рече Блинкен.
Подготвено од А.Ѓ.