gjurikj srbija 123

04.10.2023 Скопје

Амбасадорот на Србија во САД, Марко Ѓуриќ, ги отфрли тврдењата дека Белград имал било какви претходни сознанија за нападот во селото Бањска.

„Апсолутно немаше сознанија, овој настан е голем политички и човечки удар за Србија и Србите, а сторителите се изведени пред лицето на правдата во Србија“, изјави Ѓуриќ.

Претходно, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, уште еднаш го осуди нападот што се случи во селото Бањска, но тој одлучно ги демантираше тврдењата за српската воена трупа на административната линија со Косово, потенцирајќи обвинувањата се „кампања на лаги“ против Србија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author