bajden apneja mehanicka ventilacija

24.10.2023 Скопје

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека какви било преговори за прекин на огнот во Појасот Газа може да се одржат само доколку Хамас ги ослободи сите заложници што ги зароби од Израел за време на нападот на 7 октомври.

„Треба да ги ослободиме тие заложници и потоа да разговараме“, рече Бајден на настан во Белата куќа на прашањето дали ќе поддржи договор за прекин на огнот во замена за ослободување на заложниците.

Од страна на израелските медиуми овој коментар на Бајден е проценет на тоа дека укажува дека САД можеби нема да ја поддржат целта на Израел да го уништи Хамас, доколку Хамас ги ослободи 220-те луѓе што ги киднапираше.

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер претходно изјави дека САД се против прекин на огнот бидејќи тоа ќе му овозможи на Хамас да ја врати силата.

Израел бара ослободување на сите заложници и рече дека мора да се погрижи Хамас никогаш повеќе да не може да го повтори масакрот што го изврши на 7 октомври, кога членови на оваа организација упаднаа во заедниците во близина на границата и убија околу 1.400 Израелци.

Подготвено од Д.Ц.

About Author