https://www.flickr.com/photos/148991913@N07/50048460671/in/photolist-2jfBrGk-6kLtKr-2kVNYjM-2gtYfH-qWvsFZ-5tfcRb-2kVN3rX-2kVJ3rg-2kVJ5wU-2kWYgAJ-2kWUSsX-2kWYgns-2kVTUdY-2kWyS7b-2kX6Kri-cpHsjd-2naN7Mv-cpHkkm-ap6jNz-2nrH7Ki-cpHt2G-cpHjTN-cpHvDd-cpHiHE-cpHkCy-cpHfNQ-cpHhrj-cpHjYN-cpHj4y-2k4cTnX-cpHgvs-cpHuUd-cpHkLW-cpHf3A-cpHt6S-cpHu5o-cpHgS9-cpHvw5-cpHf8G-cpHvny-cpHivC-cpHv4b-2kueJXX-cpHfTW-cpHjHA-cpHfqh-cpHtHj-cpHiQ5-cpHvS5-cpHuoA

20.10.2023 Скопје

Американскиот претседател Џо Бајден зборуваше доцна синоќа од Белата куќа по враќањето од Израел. Во својот говор тој ја нагласи оправданоста за финансиската поддршка на Украина и Израел и го спореди Хамас со рускиот претседател Владимир Путин.

Во суштина, неговиот говор имаше за цел да направи врска меѓу Хамас и Путин, односно меѓу конфликтот во Украина и Израел. Затоа тој го повика Конгресот да преземе акција и да усвои пакет помош што ги вклучува и Украина и Израел.

Бајден не прецизираше колкава сума пари бара, но се претпоставува дека станува збор за цифра од 100 милијарди долари.

„Хамас и Путин претставуваат различни закани, но тие имаат заедничко – и двајцата сакаат целосно да ја уништат соседната демократија. Ако не го запреме апетитот на Путин за моќ и контрола во Украина, тој нема да се ограничи само на Украина“, рече Бајден.

Американскиот претседател нагласи дека Хамас го ослободи „чистото зло во светот“ и нагласи дека за него нема повисок приоритет од безбедноста на Американците во светот. Во овој контекст, тој рече дека обезбедувањето на успехот на Украина и Израел е од витално значење за американската национална безбедност.

Во суштина, Бајден сакаше да им објасни на американските граѓани зошто е важно да се поддржи финансиската помош за Украина и Израел.

„Терористите и диктаторите мора да ја платат цената“, рече Бајден, нагласувајќи дека Америка и негова лична одговорност е да се залага за демократијата ширум светот.

Политичката цел на обраќањето на Бајден е да изврши притисок врз Конгресот да се согласи со неговото барање да испрати пари до Израел и Украина во пакет од 100 милијарди долари.

Бајден нагласи дека во разговорот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакнал дека е неопходно да се води сметка за да се избегнат цивилни жртви.

Тој вети дека ќе продолжи со финансирањето на израелската воздушна одбрана.

„Ќе се погрижиме Железната купола да продолжи да го чува небото над Израел“, рече американскиот претседател.

Подготвено од Д.Ц.

About Author