03.10.2023 Скопје
Австриските власти денеска најавија дека повторно ќе воспостават привремени контроли на границата со Словачка, откако Чешка и Полска донесоа иста одлука.
Во соопштението на австриското Министерство за внатрешни работи се наведува дека мерката ќе стапи на сила во среда и првично ќе биде во сила 10 дена.
Министерот за внатрешни работи Герхард Карнер рече дека целта е да се спречи криумчарењето мигранти преку алтернативни патишта.
Полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински изјави дека земјата од полноќ ќе воспостави привремена контрола на границата со Словачка, додека Чешка, како и Австрија, ќе ја воведе мерката во среда.
Подготвено од А.Ѓ.