21.10.2023 Скопје
Астрономите снимија мистериозни радио бранови, на кои се проценува дека им биле потребни осум милијарди години да стигнат до Земјата, а откриле и дека потекнуваат од една од најоддалечените галаксии.
Тоа беше серија брзи радио рафали /односно брзи радио бранови/, кои се интензивни и долги само една милисекунда.
Експлозијата, наречена „FRB 20220610A“ за речиси незабележлив временски период, ослободи енергија колку што емитира Сонцето во текот на 30 години.
Како што е наведено во студијата објавена во списанието „Science“, овој излив е снимен во јуни 2022 година благодарение на низата радио телескопи „ASKAP“ лоцирани во Западна Австралија.
Коавторот на студијата Стјуарт Рајдер вели дека галаксијата од која доаѓа сигналот е постара и подалечна од кој било друг таков извор на радио бранови снимен до денес.
Истражувачкиот тим верува дека експлозијата се случила за време на процесот на спојување, интеракција и формирање на нови ѕвезди.
Научниците веруваат дека брзите радио рафали би можеле да бидат единствен метод за проценка на масата на универзумот.
Астрономите се надеваат дека во иднина новите радио телескопи кои ќе се градат во Австралија и Јужна Африка ќе овозможат откривање на илјадници такви радио сигнали на поголеми растојанија.
Подготвено од А.Ѓ.