FIS Alpine Skiing World Cup finals

27.10.2023 Скопје

Норвешкиот скијач Лукас Бротен објави дека ја завршил кариерата на 23 години.

Актуелниот шампион на Светскиот куп во слалом минатата сезона победи на две трки во слалом и една во велеслалом, а веста за пензионирањето ја соопшти на прес-конференција во Зелден, каде во сабота почнува новата сезона на скијачки натпревари.

„Се повлекувам, завршив. Вчера ги информирав членовите на тимот. За прв пат, по оваа одлука, среќен сум, се чувствувам слободен. Благодарен сум за се што поминав во текот на кариерата. За да продолжам да скијам во овој систем, морав, не само да ги оставам настрана моите соништа, туку и радоста на животот. Не сакам да го правам тоа“, рече Бротен.

Кариерата ја започна во 2018 година, оствари вкупно пет победи и имаше 12 пласмани на подиумот.

„Не постои такво чувство кога ќе се спуштите и ќе ја поминете целта, а тоа е цел живот напор да се оствари и да се сподели тој момент со навивачите кои дојдоа и врескаа со сета своја енергија и љубов. Тоа е нешто што многу ќе ми недостасува. За мене спортот е забава, откако дојдов се обидував да направам претстава и горд сум на она што го покажав. Но, за мое добро, сега завршив“, истакна Бротен.

Подготвено од М.Д.

About Author