25.10.2023 Скопје
Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, рече дека е легитимна одлуката за одложување на пописот што го објави мандатарот Милојко Спајиќ, но дека во тој случај мора да се разгледаат дополнителни трошоци.
Се проценува дека дополнителните трошоци, доколку се одложи пописот, ќе изнесуваат 700.000 евра.
Абазовиќ рече дека во овој момент нема пречка процесот да започне во предвидениот термин.
„Треба само да постапиме согласно прописот, кој мора да се смени“, изјави Абазовиќ.
Тој рече дека, што се однесува до новата влада на Црна Гора, за него прашањето е процедурално архивирано.
Подготвено од А.Ѓ.