https://www.flickr.com/photos/mchicco/15844218866/in/photolist-q96Lgm-pbD181-dzaASR-4B9D9q-5mAv48-6puz9Z-6Kg5dP-dNLeRq-5mEJBJ-5pCWHE-nXcBYY-5Vzgtz-8TS7Wn-TbcPT1-RQWfGS-2dKdAbA-fmbTy3-T3qNcT-RTBXaV-21MVszP-u1L2S-e1NwVp-u1L2R-6Ef1gU-238Akrg-6A8kdb-21MVsuP-21MVsAa-u1L2P-b6wMY-c9zVmq-5y8jaE-oXGX5f-5TNtK-2mzEJWg-3k4oYG-dcW8ry-EZVrj3-2NoA7g-dNLePw-6Ty4LJ-6sLxJg-6Ty4Mj-6EaR5H-238Aknt-21MVsHp-u5JCE-cXVNxq-6sLxFn-6Ef1eE

13.10.2023 Скопје

Во КФОР во моментов има 4.353 војници, од кои повеќето се од Италија – 869, соопштија од оваа воена мисија на Косово и Метохија.

На второ место по бројност се војниците на САД со 593, потоа унгарските војници – 433 и турските војници кои моментално се 369.

Австрија има 271 војник во КФОР, Грција 260, Полска 245, Швајцарија 190, Хрватска 151, Бугарија 142, Летонија 136, Словенија 91, Албанија 89 војници, Романија 80, Финска и Германија по 70.

Северна Македонија има 60, Ерменија 57, Велика Британија и Молдавија по 41, Чешка 36, Данска 35, Ирска 13, Канада пет, Шведска три, Црна Гора двајца, додека Литванија е претставена со еден војник.

КФОР забележува дека се очекува уште 134 војници од Романија да бидат распоредени во оваа мисија во текот на октомври.

Велика Британија најави дека овој месец привремено ќе распореди дополнителни 200 војници кои ќе се приклучат на британскиот контингент од 400 војници кои веќе се на Космет во рамки на годишната вежба, потсетува КФОР.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author