17.10.2023 Скопје
Најмалку 24 објекти кои припаѓаат на Агенцијата на ОН за помош и работа за Палестинците на Блискиот Исток се оштетени од израелските напади и бомбардирања низ Појасот Газа од 7 октомври, според извештајот објавен денеска од агенцијата.
Во извештајот се нагласува дека тоа се само пријавени случаи и дека реалниот број на оштетени објекти е веројатно поголем.
„Потврдени се вкупно 24 извештаи за влијанието на воздушните напади и бомбардирањата врз постројките на Агенцијата низ Појасот Газа. Вистинскиот број веројатно ќе биде поголем“, се наведува во извештајот.
Подготвено од А.Ѓ.