30.10.2023 Скопје
Податоците на Евростат покажуваат дека Република Северна Македонија е меѓу петте земји во Европа каде што 100 проценти од средношколците учат странски јазик во училиштата.
Сите средношколци изучуваат странски јазик и во Лихтенштајн, Малта, Романија и Шведска.
Образовниот систем е една од причините поради која многу луѓе во Европа можат да зборуваат странски јазик.
Според податоците, три четвртини од сите средношколци во европските земји учат еден или повеќе странски јазици. Иако тоа не гарантира дека овие ученици на крајот ќе можат да ги зборуваат јазиците што се учат, тоа им обезбедува алатки за да го стекнат тоа знаење.
Во Бугарија странски јазик учат 98,8 отсто од средношолците, во Хрватска 98,6, Словенија 97,8, во Грција 95,3, а во Германија 87,8 проценти.
Најмал удел на средношколци кои учат странски јазик има во Данска (76,0%) и во Исланд (80,2%). Сепак, овие две земји се познати по тоа што имаат население кое одлично зборува англиски.
Подготвено од М.Д.