Image by KamranAydinov on Freepik

12.09.2023 Скопје

Иако годинава откупната цена на пченицата е значително поевтина, ниту брашното и пекарските производи не се пониски. Додека мелничарите молчат, пекарите се правдаат со трошоци за работна сила. Земјоделците велат, најлош е тој што нешто произведува.

Откупната цена на пченицата во мелниците годинава се движеше од 30 до 35 фенинга, односно колку што е просечната цена на лепче во пекара.

Поради лошиот квалитет на родот, многу земјоделци не успеаја да стигнат ниту до 30-те фенига за килограм пченица што ги даваат мелничарите.

Дополнително, тие се уште ја чекаат исплата на ветените стимулации на локално и ентитетско ниво.

Пекарите велат дека никако не можат да влијаат на цената на пченицата, а и тие се во незавидна ситуација бидејќи поради високите трошоци за работна сила не можат да ги намалат цените на лепчињата, лебот и другите печива.

Поради слабиот принос на пченицата, проценките се дека домашниот пазар во Босна и Херцеговина ќе зависи од увозната пченица, што во крајна линија значи натамошно поскапување на лебот и пекарските производи за крајните потрошувачи, како и за откажување на земјоделците од новото производство.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author