29.09.2023 Скопје
Најновите податоци на Евростат покажуваа дека во земјите од Европската Унија, продажбата на високотехнолошки производи е зголемена и минатата година изнесувала 355 милијарди евра, што е зголемување за околу 10 отсто во однос на претходната година, кога изнесувала 322 милијарди евра.
Трите категории заедно сочинуваа речиси три четвртини од вкупната продажба на високотехнолошки производи. Најголемо учество имаат производите од областа на електрониката и телекомуникациите (26,2 отсто), потоа фармацевтските производи (22,2 отсто) и научните инструменти (20,6 отсто).
Од останатите сектори, воздухопловството учествува со 11,5 проценти, додека другите категории, вклучувајќи компјутери и канцелариски машини, хемикалии, електрични машини и вооружување, учествуваат со помалку од пет проценти од продажбата.
Податоците на Евростат покажуваат дека вооружувањето и покрај тоа што има најмало учество во вкупната продажба на високотехнолошки производи, забележа најголем раст во последната деценија, во просек од седум отсто годишно. Научните инструменти и фармацевтските производи пораснаа со просечна годишна стапка од 4,4 отсто.
Сепак, продажбата на компјутери и канцелариски машини паднала за 1,8 отсто и тоа се единствените сектори кои бележат пад на продажбата во последните десет години. Сепак, минатата година имаше раст во оваа област така што продажбата на компјутери и канцелариски машини се зголеми за 13,6 во 2022 година во однос на претходната година.
Подготвено од А.Ѓ.